PAYPER НА АНДИТЕ: БОЛИВИЈА ИЛИМАНИ 2018

 

Италијанско-санмаринската експедиција направи вистински подвиг!
Во јули 2018. година, Масимо Де Паоли и Давиде Морини од Римини, заедно со колегата Рикардо Стакини од Сан Марино, доживеаја неверојатна авантура на Кордиљера Реал во Боливија.
 
„Сонот“.
Идејата или „сонот“ за искачувањето се роди во умот на Масимо Де Паоли уште во август 2014. година, кога беше маѓепсан од фотографијата од северниот срт Илимани која ја виде во еден новинарски напис на интернет, во кој се раскажуваше за неуспешниот обид за искачување поради тешки услови на снег и мраз на една италијанска експедиција.
 
Така Де Паоли, иако себеси апсолутно се сметаше за „алпинист-аматер“, размислуваше за тој срт 4 години, вклучувајќи ги и убедувајќи ги своите стари пријатели да ја издржат напорната повеќемесечна обука на италијанските Алпи во подготовките за подвигот во Јужна Америка.

 
 

Фазите.
Тројцата алпинисти пристигнаа во Ла Паз на 18. јули, придружувани од Андреа Де Паоли, син на Масимо, во улога на фотограф и видеограф на експедицијата. Таму беа пречекани од перуанскиот планинарски водич, Мигуел Мартинез, кој ги придружуваше во текот на целата авантура.
 
Заедно се префрлија во логистичката „база“ во Пењас, во близина на мисионерското дело на највисока надморска височина на италијанскиот свештеник-алпинист отец Антонио Заватарели, пријател на многу планинари кои минувале низ тие делови низ годините. Тоа беше важен момент на аклиматизација, но и можност да ја споделат и да дадат поддршка на работата на овој мисионер.
 
На 25. јули започна обидот за подвиг во ригорозен „алпски стил“, односно носејќи сè што е потребно со себе во ранецот без претходна подготовка на бивак кампови. Но, по 2 дена, лошите услови кои се должеа и на премногу свеж снег по трасата на глечерот, го направија практично невозможно искаувањето на северниот срт.
 
Групата повторно се спушти во кампот „Нидо де Кондорес“ на 5450 метри за да си ги обнови силите и следниот ден, односно на 28. јули, повторно го започна искачувањето по различна рута стигнувајќи до главниот самит на Јужниот Илимани, на 6440 метри.
 
И така, италијанско-санмаринската екипа не ја оствари почетната цел, но сепак направи супер подвиг!

 
 
 
 
 
 

Униформата.
Payper, горд што ја поддржа експедицијата, во својот изложбен салон има копија од специјалната униформа која се користеше во Боливија, која се покажа како технички совршена, целосно водоотпорна, отпорна на силните ветрови и многу ниски температури на Андите.